За студирањето
Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје континуирано ги развива и унапредува своите студиски програми, следејќи ги современите научни достигнувања, глобалните предизвици и потребите на земјоделско-прехранбениот сектор.
Студиските програми од прв циклус нудат современи знаења и практични вештини и се развиваат во тесна соработка со стопанството и релевантните институции. Преку поврзување на наставата, науката и практиката, студентите се подготвуваат за професионалните предизвици и можностите што ги носат современото земјоделство и производството на храна.
11
студиски програми
СТУДИСКИ ПРОГРАМИ 2026/2027
Траење на студиските програми на прв циклус
Четири години / осум семестри
ЕКТС кредити со кои се стекнува студентот
240 ЕКТС кредити