Неформално образование

Факултетот организира и учествува во различни форми на обуки, курсеви, семинари и работилници во релевантни области. Овој вид образование им нуди можност на учесниците да ги надградат своите знаења и вештини за новите технологии и информации од областа на земјоделството, храната и животната средина. По завршувањето на обуката, Факултетот издава сертификати во кои се наведува видот на образованието и нивото на стекнатите знаења.

https://fznh.cetusled.mk/wp-content/uploads/2026/09/Решение-за-верификација-на-установата-за-образование-на-возрасните.pdf  

 

 

ЦИПОЗ – ЦЕНТАР ЗА ПРИМЕНЕТИ ИСТРАЖУВАЊА И ПЕРМАНЕНТНО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО

ЦИПОЗ е формиран во 2002 година со цел да ја олесни работата на Факултетот и на наставниот кадар во следниве области:

  • Издавање книги и прирачници;
  • Организирање курсеви и обуки;
  • Апликативна дејност;
  • Соработка со земјоделски производители и прехранбена индустрија;
  • Реализација на меѓународни проекти;
  • Регистрација на иновации и патенти;
  • Трансфер на технологии.

КОНТАКТ ФОРМА

Дали сте подготвени да го направите следниот чекор кон вашата идна кариера?