За студирањето

Студиските програми на втор циклус овозможуваат формирање на добро обучен, теоретски и практично едуциран кадар, компатибилен со кандидати од сродните универзитети од европските и од соседните земји, како и кадар кој може успешно да се справи со предизвиците на модерното општество.

Студиите се развиени согласно потребите на прехранбено-земјоделскиот сектор, при што вработените земјоделски инженери можат да стекнат нови знаења и компетенции преку изработка на магистерски труд поврзан со нивните работни задачи.

9

акредитирани студиски програми

Траење на студиските програми на втор циклус
Една година / два семестри (акредитација од 2023 година)

Една или две години / два или четири семестри (акредитација од 2018 година) 

ЕКТС кредити со кои се стекнува студентот
60 ЕКТС кредити (акредитација од 2023 година)

60 или 120 ЕКТС кредити (акредитација од 2018 година)

Назив со кој се стекнува студентот по магистрирањето

Магистер на земјоделски науки / Master of agricultural sciences (Msc)

Студиски програми 2022

Предметни програми 2022

КОНТАКТ ФОРМА

Дали сте подготвени да го направите следниот чекор кон вашата идна кариера?