Самоевалуацијата претставува составен дел од системот за обезбедување и унапредување на квалитетот на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје и се спроведува во согласност со актите и постапките за обезбедување квалитет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Преку процесот на самоевалуација се врши систематско следење, анализа и оценување на квалитетот на наставно-образовната, научноистражувачката и применувачката дејност, студиските програми, наставниот кадар, студентите, ресурсите и условите за реализација на дејноста на Факултетот.
Самоевалуацијата ја спроведува Комисијата за самоевалуација на ФЗНХ, врз основа на утврдени критериуми, индикатори и релевантни податоци. Резултатите од самоевалуацијата служат за утврдување на состојбите, идентификување на областите за подобрување и дефинирање мерки и активности за понатамошно унапредување на квалитетот.
Извештаите од самоевалуацијата претставуваат основа за планирање и следење на активностите во рамките на системот за квалитет на Факултетот.
Состав на Комисијата за самоевалуација:
- Проф. д-р Мирјана Јанкуловска, Претседател
- Проф. д-р Душица Санта, член
- Проф. д-р Мирјана С. Јанкуловска, член
- Проф. д-р Фросина Бабановска – Миленковска, член
- Проф. д-р Кочо Порчу, член
- Претставник на студентите
- Претставник на студентите