Соработки со стопанство

Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје посветува особено внимание на развивањето и унапредувањето на соработката со стопанскиот сектор, со цел поврзување на науката, образованието и практиката.

Преку партнерства со компании, земјоделски стопанства, институции и други релевантни организации, Факултетот поттикнува трансфер на знаење и технологии, реализација на заеднички научноистражувачки и развојни проекти, стручни анализи, консултантски услуги и практична обука на студентите. 

Нашата цел е создавање силна и одржлива врска меѓу академската заедница и стопанството, која ќе придонесе за развој на иновациите, зголемување на конкурентноста на земјоделско-прехранбениот сектор и обезбедување висококвалификувани кадри подготвени да одговорат на современите предизвици на пазарот на трудот.