Факултетот за земјоделски науки и храна − Скопје е водечка институција во македонското високото образование од областа на земјоделството веќе седумдесет и пет години.
Факултетот е една од најстарите високообразовни институции во Македонија, кој заедно со Медицинскиот факултет и Филозофскиот факултет е еден од основачите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Факултетот започна со работа во 1947 година под името Земјоделско-шумарски факултет.
Дваесет и осум години подоцна, од овој факултет се издвоија два независни факултети, Земјоделски факултет и Шумарски факултет.
Земјоделскиот факултет во 2004 година е преименуван во Факултет за земјоделски науки и храна – Скопје.
8172+
ДИПЛОМИРАНИ СТУДЕНТИ
559+
МАГИСТРИ НА НАУКИ
261+
ДОКТОРИ НА НАУКИ
76+
години постоење
Мисија и Визија
Ги подготвуваме студентите со знаење, практични вештини и истражувачко искуство за успешна кариера во земјоделството и прехранбената индустрија. Преку квалитетно образование и научно-истражувачка работа, придонесуваме кон развој на општеството и кон поодржлива и попросперитетна иднина на нашата земја.