viber_image_2026-09-28_15-48-51-291

Лабораторија за анализа на храна од животни

Лабораторијата врши анализи во согласност со најновите достигнувања во методите и опремата за испитување, барањата на лабораторискиот стандард ISO/IEC 17025 и принципите на Добрата лабораториска практика (GLP). Сите анализи се спроведуваат со примена на валидирани методи и во согласност со националните и меѓународните стандарди, како и со важечката законска регулатива и регулаторните барања.

Основната мисија на лабораторијата е поддршка на наставно-образовниот процес за студентите од прв, втор и трет циклус на студии. Покрај тоа, лабораторијата активно придонесува кон научноистражувачката дејност преку учество во национални и меѓународни истражувачки проекти, истовремено развивајќи соработка со стопанството и обезбедувајќи применети услуги за клиенти од приватниот сектор, државни институции, невладини организации, земјоделци, здруженија на производители и други заинтересирани страни.

Лабораторијата е вклучена и во решавање на предизвици поврзани со управувањето со квалитетот и безбедноста во системите за анимално производство, вклучително и специфични испитувања и анализи кои се спроведуваат на сточарски фарми и во објекти за производство на добиточна храна.

Активностите се насочени кон процена и унапредување на квалитетот и безбедноста на добиточната храна, како и нејзината усогласеност со релевантните регулаторни барања и стандарди во секторот, со што лабораторијата придонесува кон одржливо и ефикасно сточарско производство.

Поважна опрема

  • Аналитичка вага;
  • Технички ваги (2);
  • Лабораториски сушници (2);
  • Водено купатило;
  • Муфолни печки (2);
  • Апарат за дестилација на вода;
  • Дигестори (2);
  • Kjeldahl апарат за вкупен азот;
  • Soxllet апарат за масти;
  • Сет за сурово влакно.

Анализи

  • Влага (првобитна и хигроскопна);
  • Суров пепел;
  • Сурови протеини;
  • Сварливи протеини;
  • Амонијачен азот;
  • Сурови масти;
  • Сурово влакно;
  • Испарливи масни киселини;
  • rN;
  • NDF;
  • ADF;
  • Скроб;
  • Шеќери;
  • Уреаза;
  • Калциум;
  • Фосфор;
  • Натриум.

Дејност

  • Анализа и супер анализа на добиточна храна (овластена лабораторија од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ);
  • Контрола на квалитетот на увезената добиточна храна во РМ (ангажирана од Државниот инспекторат за земјоделство);
  • Анализи на крмите од сточарските фарми и фабриките за добиточна храна;
  • Анализи за млинарската, пекарската и слаткарската индустрија.

Контакт

Проф. д-р Среќко Ѓорѓиевски (sreckog@zf.ukim.edu.mk)
Тел: + 389 23 115 277 
Мобилен тел: +389 70 252 672