Лабораторија за испитување на грозје, вино и алкохолни пијалоци

Лабораторијата припаѓа на Катедрата за лозарство и винарство. Основна дејност на лабораторијата е изведување физичко-хемиски анализи на вино, што претставува и главен опсег на нејзината акредитација. Покрај анализите на вино, во лабораторијата се вршат и физичко-хемиски анализи на гроздова шира и алкохолни пијалаци.

Од 2024 година, покрај акредитацијата, лабораторијата е и официјално овластена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за вршење официјални физичко-хемиски анализи на вино.

Акредитираниот опсег опфаќа определување на следните параметри:

  • густина и релативна густина;

  • алкохолна јачина;

  • вкупна и испарлива киселост;

  • вкупен и слободен сулфур диоксид (SO₂);

  • шеќери;

  • вкупен екстракт;

  • лимонска киселина;

  • pH-вредност;

  • други релевантни физичко-хемиски параметри.

Сите анализи се изведуваат согласно методологиите препорачани од Меѓународната организација за лозата и виното (OIV), со што се обезбедува високо ниво на точност, сигурност и меѓународна споредливост на добиените резултати.

Анализи

  • Хемиски состав на грозје, вино и алкохолни пијалаци;
  • Органолептичка оцена на грозје, вино и алкохолни пијалаци;
  • Анализа на фенолниот состав на белите и на црвените вина.

Анализите на виното и јаките алкохолни пијалаци се изведуваат според меѓународно признаените методите на OIV (Office International of vine and wine).

Дејност

  • Научни проекти од областа на винарството и алкохолните пијалаци;
  • Анализи за винарската индустрија;
  • Контрола на квалитетот и супер анализи на виното и алкохолните пијалаци во надворешно трговскиот промет.

Контакт

Проф. д-р Михаил Петков (mpetkov@fznh.ukim.edu.mk)
Проф. д-р Златко Прцуловски (zprculovski@fznh.ukim.edu.mk)

Дипл.зем. инж. Даниела Бурсаќ Даскаловска, лаборант (http://danielab@fznh.ukim.edu.mk)