АЛУМНИ НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ НАУКИ И ХРАНА - СКОПЈЕ
- Целта на регистрацијата во базата Алумни – ФЗНХ е поврзување на сите генерации дипломирани студенти на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје (Земјоделски факултет) во состав на УКИМ во Скопје, со цел да се постигне нивна постојана и взаемна корист и соработка.
- Самата цел на Aлумни е да одржува врска помеѓу факултетот и дипломираните студенти, за да можат да ги информираат за нивните планови и да ги вклучат сите оние кои сакаат да помогнат во развојот и унапредувањето на угледот на факултетот.
- Поранешните студенти можат да помогнат во промоцијата на самиот факултет, градење и зајакнување на врските и соработката помеѓу поранешните студенти и Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, зачувување на традицијата на ФЗНХ, поттикнување и унапредување на стручните и научните активности на членството, унапредување на угледот на ФЗНХ во нашата држава и во светот, грижа за развојот и напредокот на ФЗНХ, поттикнување и воспоставување на врски и соработка помеѓу ФЗНХ и слични образовни, развојни и истражувачки институции во нашата држава и во светот, унапредување на угледот на агрономската професија, заштита на професионалните интереси на поранешните студенти на факултетот, поттикнување на јавното научно и стручно мислење и гледишта за сите важни прашања од развојот на земјоделството како и неговата примена, поттикнување на разбирањето и усвојувањето на професионалните етички вредности, воспоставување и развој на соработка со слични здруженија.
- АЛУМНИТЕ работат во областа на образованието, науката и истражувањето и стручното вмрежување во областа на земјоделските науки
- Кoнтакт лице: Проф. д-р Ромина Кабранова, Раководител на Центар за кариера на ФЗНХ http://www.fznh.ukim.edu.mk/mk/alumni