Лабораторија за хемиска анализа на примарни земјоделски производи и нивни преработки
Лабораторијата за хемиска анализа на примарни земјоделски производи и нивни преработки (Л-07) на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје има добиено сертификат за акредитација, издаден од Институтот за акредитација на РСМ, со кој се потврдува дека се исполнети барањата на стандардот MKS EN ISO/IEC 17025:2018 за аналитичките методи за определување на некои адитиви во безалкохолни пијалаци и други прехранбени производи, како и за определување на метанол и други виши алкохоли во алкохолни пијалаци. Акредитираните аналитички методи наоѓаат примена за контрола на квалитетот и безбедноста на безалкохолните и алкохолните пијалаци, како и на други прехранбени производи. Овие методи можаат да бидат корисни за производителите на безалкохолни и алкохолни пијалаци, како и на други прехранбени производи, потоа на инспекциските органи, истражувачите, академската заедница и потрошувачите. Покрај акредитираните методи, во лабораторијата се изведуваат и други хемиски анализи кои имаат придонес во одредување на квалитетот и безбедноста на храната, како што се:
Контакт Проф. д-р Ленче Велкоска Марковска (lencevm@fznh.ukim.edu.mk) Проф. д-р Мирјана С. Јанкуловска (mjankulovska@fznh.ukim.edu.mk) М-р Сунчица Андонова (sandonova@fznh.ukim.edu.mk) |