Системот за обезбедување и унапредување на квалитетот на Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје е составен дел од системот за обезбедување квалитет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и се спроведува во согласност со универзитетските акти, стандарди и постапки за обезбедување и унапредување на квалитетот.
Во рамките на Факултетот е формиран Совет за квалитет во состав од пет члена: три професори на Факултетот, еден студент и еден претставник на стопанството.
Советот ги разгледува и анализира резултатите и препораките од процесот на самоевалуација, учествува во подготовката и следењето на годишните акциски планови за квалитет и извештаите за нивната реализација и предлага конкретни мерки за отстранување на утврдените слабости и унапредување на квалитетот на работењето на Факултетот.
Состав на Советот за квалитет
Претседател:
проф. д-р Марина Нацка
Членови:
• Проф. д-р Методија Трајчев
• Проф. д-р Ромина Кабранова
• дипл.земј.инж. Никола Тосковски – претставник на студентите
• д-р Сања Стојоска – претставник на стопанството