Лабораторија за млеко и млечни производи
Лабораторијата за анализа на млеко и млечни производи при Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, е наставна, научноистражувачка и апликативна лабораториска единица наменета за поддршка на наставата, научноистражувачката работа и обезбедување аналитички услуги за надворешни корисници.
Во лабораторијата се реализира практична настава за студентите од прв, втор и трет циклус на студии, при што студентите стекнуваат практични знаења и лабораториски вештини од областа на квалитетот и составот на млекото и млечните производи.
Акредитирани методи
Лабораторијата е акредитирана согласно ISO/IEC 17025:2017.
Лабораторијата е акредитирана согласно ISO/IEC 17025:2017.
Во рамки на акредитираниот опсег се вршат следните анализи:
- МКС EN ISO 8968-1:2014 – Млеко – определување на содржина на азот – Дел 1: Кјелдал метод;
- МКС ISO 19662:2024 – Млеко – определување содржина на масти – ацидо-бутирометриска метода (метода по Гербер).
Други лабораториски анализи
Покрај акредитираните методи, во лабораторијата се вршат и други физичко-хемиски анализи на млеко и млечни производи, меѓу кои:
- определување на сува материја;
- определување на пепел;
- определување на pH;
- определување на титрациона киселост;
- определување на NaCl во сирења;
- определување на специфична тежина;
- определување на лактоза;
- брза анализа на млеко за определување на протеини, масти, сува безмасна материја, специфична тежина, додадена вода и лактоза.
Наставна, научна и апликативна дејност
Лабораторијата се користи за реализација на практична настава, дипломски, магистерски и докторски истражувања, како и за активности во рамки на научноистражувачки и проектни активности.
Аналитички услуги се обезбедуваат и за производители на млеко и млечни производи, фарми, компании од прехранбената индустрија, истражувачки институции и други заинтересирани корисници.
Контакт
Проф. д-р Соња Србиновска, раковдител (ssbinovska@fznh.ukim.edu.mk)
Проф. д-р Душица Санта (dsanta@fznh.ukim.edu.mk)
Виш лаборант Сашка Салтамарска, (saltamarska@fznh.ukim.edu.mk)