Лабораторија за испитување на грозје, вино и алкохолни пијалоци
|
Лабораторијата припаѓа на Катедрата за лозарство и винарство. Основна дејност на лабораторијата е изведување физичко-хемиски анализи на вино, што претставува и главен опсег на нејзината акредитација. Покрај анализите на вино, во лабораторијата се вршат и физичко-хемиски анализи на гроздова шира и алкохолни пијалаци. Од 2024 година, покрај акредитацијата, лабораторијата е и официјално овластена од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за вршење официјални физичко-хемиски анализи на вино. Акредитираниот опсег опфаќа определување на следните параметри:
Сите анализи се изведуваат согласно методологиите препорачани од Меѓународната организација за лозата и виното (OIV), со што се обезбедува високо ниво на точност, сигурност и меѓународна споредливост на добиените резултати. Анализи
Анализите на виното и јаките алкохолни пијалаци се изведуваат според меѓународно признаените методите на OIV (Office International of vine and wine). Дејност
Контакт Проф. д-р Михаил Петков (mpetkov@fznh.ukim.edu.mk) Дипл.зем. инж. Даниела Бурсаќ Даскаловска, лаборант (http://danielab@fznh.ukim.edu.mk) |