Лабораторија за тутун и производи од тутун

Лабораторијата за тутун и производи од тутун е акредитирана согласно стандардот МКС EN ISO/IEC 17025. Лабораторијата постои од преселувањето на Факултетот во сегашната зграда (1966/67 година) и е лоцирана на вториот кат на Факултетот за земјоделски науки и храна, во просторија со површина од 36 m².

Во лабораторијата се врши испитување на примероци, односно соодветна, сеопфатна, навремена и квалитетна лабораториска анализа на примероци доставени од инспекциски органи, правни и физички лица.

Најчесто се вршат следните анализи:

  • испитување на физичките својства на различни тутунски суровини – водозадржувачки капацитет, содржина на главното ребро, фракционен состав, определување на типот и класата на тутунот и содржина на примеси од неорганско, природно и вештачко потекло;

  • определување на органолептичките својства – визуелни и вкусни карактеристики на тутунските суровини и различни тутунски и сродни производи.

Поважна опрема

  • Термостати;
  • Печка за жарење;
  • Влагомер Кетт Т-22;
  • Варбург апарат.

Анализи

  • Определување на квалитетните својства на тутунско семе (влага, чистота, апсолутна маса, хектолитарска маса, енергија на ’ртење и вкупна ’ртливост);
  • Физички карактеристики на тутунската суровина (водозадржлива способност, содржина на главно ребро, фракциски состав, утврдување на типот и класата на тутун, содржина на примеси од органско, неорганско, природно и вештачко потекло);
  • Определување на органолептичките својства (визуелни и дегустативни карактеристики) на тутунската суровина и тутунските преработки;
  • Мувлосаност на тутунот;
  • Ферментираност на тутунот;
  • Ферментативно кало.

Дејност

Дејноста на лабораторијата за тутун се реализира преку:

  • Научни и апликативни проекти од областа на агротехниката, селекцијата, обработката и фабрикацијата на тутунот;
  • Анализи за тутунската индустрија и државни органи.

Контакт

Проф. д-р Златко Арсов (zlatko.arsov@fznh.ukim.edu.mk)
Проф. д-р Ромина Кабранова (romina@fznh.ukim.edu.mk)