Лабораторија за испитување на квалитет на семиња од земјоделски растенија
Во согласност со стандардите и политиките за квалитет, лабораторијата е акредитирана од Институтот за акредитација на Република Северна Македонија, согласно стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2018.
Во лабораторијата се врши испитување и оценување на следните квалитетни својства на семето:
-
чистота на семето;
-
утврдување на присуство на други видови семе;
-
’ртливост на семето;
-
содржина на влага во семето;
-
маса на 1.000 семиња (апсолутна маса на семето).
Поважна опрема
- Апарат за мерење влага во жита;
- Климакомора “Kotterman”;
- Сушница INSTRUMENTARIA;
- Вага “Mettler P1200”;
- Дијафаноскоп;
- Фаринотоми;
- Стереомикроскоп MEOPTA 107336;
- Бинокулари “Eleitz Wetzlar”;
- Сортир апарат за семе (рачен и електричен) Paul Polikeit;
- Бројач за семе.
Анализи
Семе и саден материјал од поледелски, градинарски, фуражни и индустриски растенија
- Тестирање: чистота, ’ртливост, влажност, маса на 1000 зрна, хектолитарска маса, здравствена состојба;
Посеви од поледелски, градинарски, фуражни и индустриски растенија, лозови и овошни насади
- Тестирање: биолошка оцена на ефикасноста.
Дејност
Дејноста на овие лаборатории се реализира преку:
- Научни проекти од областа на општото поледелство и хербологијата (заштита од плевели);
- Анализи за трговски друштва за промет со семе и пестициди;
- Анализи за производители на семенски и посадочен материјал.
Контакт
Проф. д-р Звонко Пацаноски (zvonkop@fznh.ukim.edu.mk)
Лаборант Биљана Стоилковска (biljana.stoilkovska@fznh.ukim.edu.mk)