Лабораторија за анализа на храна од животни
Лабораторијата врши анализи во согласност со најновите достигнувања во методите и опремата за испитување, барањата на лабораторискиот стандард ISO/IEC 17025 и принципите на Добрата лабораториска практика (GLP). Сите анализи се спроведуваат со примена на валидирани методи и во согласност со националните и меѓународните стандарди, како и со важечката законска регулатива и регулаторните барања.
Основната мисија на лабораторијата е поддршка на наставно-образовниот процес за студентите од прв, втор и трет циклус на студии. Покрај тоа, лабораторијата активно придонесува кон научноистражувачката дејност преку учество во национални и меѓународни истражувачки проекти, истовремено развивајќи соработка со стопанството и обезбедувајќи применети услуги за клиенти од приватниот сектор, државни институции, невладини организации, земјоделци, здруженија на производители и други заинтересирани страни.
Лабораторијата е вклучена и во решавање на предизвици поврзани со управувањето со квалитетот и безбедноста во системите за анимално производство, вклучително и специфични испитувања и анализи кои се спроведуваат на сточарски фарми и во објекти за производство на добиточна храна.
Активностите се насочени кон процена и унапредување на квалитетот и безбедноста на добиточната храна, како и нејзината усогласеност со релевантните регулаторни барања и стандарди во секторот, со што лабораторијата придонесува кон одржливо и ефикасно сточарско производство.
Поважна опрема
- Аналитичка вага;
- Технички ваги (2);
- Лабораториски сушници (2);
- Водено купатило;
- Муфолни печки (2);
- Апарат за дестилација на вода;
- Дигестори (2);
- Kjeldahl апарат за вкупен азот;
- Soxllet апарат за масти;
- Сет за сурово влакно.
Анализи
- Влага (првобитна и хигроскопна);
- Суров пепел;
- Сурови протеини;
- Сварливи протеини;
- Амонијачен азот;
- Сурови масти;
- Сурово влакно;
- Испарливи масни киселини;
- rN;
- NDF;
- ADF;
- Скроб;
- Шеќери;
- Уреаза;
- Калциум;
- Фосфор;
- Натриум.
Дејност
- Анализа и супер анализа на добиточна храна (овластена лабораторија од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на РМ);
- Контрола на квалитетот на увезената добиточна храна во РМ (ангажирана од Државниот инспекторат за земјоделство);
- Анализи на крмите од сточарските фарми и фабриките за добиточна храна;
- Анализи за млинарската, пекарската и слаткарската индустрија.
Контакт
Проф. д-р Среќко Ѓорѓиевски (sreckog@zf.ukim.edu.mk)
Тел: + 389 23 115 277
Мобилен тел: +389 70 252 672