За студирањето

Студиските програми од втор циклус овозможуваат продлабочување и специјализација на знаењата и развој на напредни стручни, аналитички и истражувачки компетенции во различни области на земјоделството и производството на храна.

Програмите се развиваат во согласност со современите научни достигнувања и потребите на земјоделско-прехранбениот сектор, поврзувајќи ги теоретските знаења, практичната примена и научноистражувачката работа. Преку изработката на магистерскиот труд, студентите имаат можност да истражуваат актуелни научни и стручни предизвици и да развиваат решенија применливи во практиката.

Студиите создаваат можности за професионален развој, специјализација и продолжување на академската и истражувачката кариера.

9

акредитирани студиски програми

  • Траење на студиските програми на втор циклус
    Една година / два семестри (акредитација од 2024 и 2023 година)
  • ЕКТС кредити со кои се стекнува студентот
    60 ЕКТС кредити (акредитација од 2024 и 2023 година) 
  • Назив со кој се стекнува студентот по магистрирањето

Магистер на земјоделски науки / Master of agricultural sciences (Msc)

Студиски програми 2024

Фитомедицина

Одржливо анимално производство

Студиски програми 2023

Предметни програми 2023

КОНТАКТ ФОРМА

Дали сте подготвени да го направите следниот чекор кон вашата идна кариера?