ИНСТИТУТ ЗА ЗАШТИТА НА РАСТЕНИЈАТА И ЗЕМЈОДЕЛСКА ТЕХНИКА

Институтот се состои од 4 катедри: Катедра за фитопатологија, Катедра за ентомологија, Катедра за општо поледелство и Катедра за земјоделска техника.

Главните активности на вработените во Институтот се едукација на студентите и истражувачка работа, фокусирана на болестите кај растенијата предизвикани од габи, бактерии и вируси, штетите кај растенијата предизвикани од инсекти, паразити и други штетници, плевелите, фитофармацијата, интегралното управување со штетници и биолошката контрола на штетните организми, како и земјоделските машини и нивната експлоатација, процесната технологија, механизацијата во растителното и сточарското производство и хомологацијата на земјоделска техника и опрема за обработка.

Институтот се занимава и со долгогодишна апликативна дејност во областа на здравствената состојба на растенијата, биолошката ефикасност на пестициди, обука на земјоделците и тестирање на експлоатациските својства на земјоделските машини и орудија кои се користат во земјоделството.

НАСТАВЕН КАДАР

Иле ЦАНЕВ

Редовен професор

Област: Земјоделска механизација

Катедра за земјоделска техника

Контакти

Иле ЦАНЕВ

Раде РУСЕВСКИ

Редовен професор

Област: Фитопатологија

Катедра за фитопатологија

Контакти

Раде РУСЕВСКИ

Станислава ЛАЗАРЕВСКА

Редовен професор

Област: Ентомологија

Катедра за ентомологија

Контакти

Станислава ЛАЗАРЕВСКА

Звонко ПАЦАНОСКИ

Редовен професор

Област: Плевели

Катедра за општо поледелство

Контакти

Звонко ПАЦАНОСКИ

Билјана КУЗМАНОВСКА

Редовен професор

Област: Фитопатологија

Катедра за фитопатологија

Контакти

Билјана КУЗМАНОВСКА

Ксенија МАРКОВСКА

Лаборант

Област: Ентомологија

Контакти

Ксенија МАРКОВСКА

Катедри

СТУДИСКИ ПРОГРАМИ

Додипломски студии (8 семестри)

Заштита на растенијата – Фитомедицина

Студентите на студиската програма Фитомедицина се запознаваат со најважните штетни организми во земјоделското производство, како што се патогените организми (габи, бактерии, вируси, фитоплазмите, паразитски цветници и слично), штетниците (инсекти, пајачиња, нематоди и слично) и плевелите, како и со системите за контрола на штетници и интегрирано управување со културите и интегрирано управување со штетниците.

Магистерски студии (2 и 4 семестри)

Фитомедицина, Модули: Фитопатологија, Ентомологија, Хербологија и Фитомедицина.
Земјоделска механизација, Модули: Механизација во растително производство и Механизација
во сточарско производство.

Докторски студии (6 семестри)

Заштита на растенијата (Фитомедицина)

КОНТАКТ ФОРМА

Дали сте подготвени да го направите следниот чекор кон вашата идна кариера?