Лабораторија за тутун и производи од тутун
Лабораторијата за тутун и производи од тутун е акредитирана согласно стандардот МКС EN ISO/IEC 17025. Лабораторијата постои од преселувањето на Факултетот во сегашната зграда (1966/67 година) и е лоцирана на вториот кат на Факултетот за земјоделски науки и храна, во просторија со површина од 36 m².
Во лабораторијата се врши испитување на примероци, односно соодветна, сеопфатна, навремена и квалитетна лабораториска анализа на примероци доставени од инспекциски органи, правни и физички лица.
Најчесто се вршат следните анализи:
испитување на физичките својства на различни тутунски суровини – водозадржувачки капацитет, содржина на главното ребро, фракционен состав, определување на типот и класата на тутунот и содржина на примеси од неорганско, природно и вештачко потекло;
определување на органолептичките својства – визуелни и вкусни карактеристики на тутунските суровини и различни тутунски и сродни производи.
Поважна опрема
- Термостати;
- Печка за жарење;
- Влагомер Кетт Т-22;
- Варбург апарат.
Анализи
- Определување на квалитетните својства на тутунско семе (влага, чистота, апсолутна маса, хектолитарска маса, енергија на ’ртење и вкупна ’ртливост);
- Физички карактеристики на тутунската суровина (водозадржлива способност, содржина на главно ребро, фракциски состав, утврдување на типот и класата на тутун, содржина на примеси од органско, неорганско, природно и вештачко потекло);
- Определување на органолептичките својства (визуелни и дегустативни карактеристики) на тутунската суровина и тутунските преработки;
- Мувлосаност на тутунот;
- Ферментираност на тутунот;
- Ферментативно кало.
Дејност
Дејноста на лабораторијата за тутун се реализира преку:
- Научни и апликативни проекти од областа на агротехниката, селекцијата, обработката и фабрикацијата на тутунот;
- Анализи за тутунската индустрија и државни органи.
Контакт
Проф. д-р Златко Арсов (zlatko.arsov@fznh.ukim.edu.mk)
Проф. д-р Ромина Кабранова (romina@fznh.ukim.edu.mk)