Лабораторија за анализа на почва и ѓубрива
Акредитираната лабораторија за анализа на почви и ѓубрива при Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, работи согласно барањата на меѓународниот стандард МКС EN ISO/IEC 17025.
Лабораторијата располага со современа високопрецизна аналитичка опрема и стручни кадри за изведување на физички и хемиски анализи на почви и ѓубрива. Современата инструментална опременост овозможува прецизно определување на основните показатели за плодноста на почвата, макро- и микроелементи, тешки метали и други параметри значајни за оценување на квалитетот на почвите и ѓубривата.
Со примена на стандардизирани и акредитирани методи, лабораторијата обезбедува високо ниво на точност, сигурност и следливост на резултатите, во функција на науката, земјоделското производство, заштитата на животната средина и соработката со стопанството.
Поважна опрема
- Муфелна печка;
- Кјелдал апарат;
- Пламенфотометар;
- Сушници;
- Апарат за дестилација на вода;
- Аналитичка вага;
- Спектрофотометар;
- Центрифуга;
- ISP OMS;
- Атомски атсорбер;
- Калциметар;
- Микробранова печка за спалување на примероци.
Анализи
- Физички својства на почвите (хигроскопна влага на почвата, механички состав на почвата, права густина на почвата, привидна густина на почвата, инфилтрација, порозност на почвата, пластичност и индекс на пластичност на почвата, лепливост на почвата).
- Хемиски својства на почвите (pH на почвен раствор, содржина на карбонати, активно количество калциум карбонат, хумус во почвата, однос на C/N, хидролитичка киселост, сума на атсорбирани бази во безкарбонатни почви, пресметување потребно количество CaCO3 за калцизација, пресметување потребно количество гипс за гипсирање на алкалните почви, лесно достапни форми на фосфор и калиум, вкупно азот во почвата, микро-елементи, определување на вкупните и растворливите форми на тешки метали во почвата, анализа на органски ѓубрива).
Дејност
Дејноста на оваа лабораторија се реализира преку:
- Научни проекти од областа на педологијата;
- Анализи за приватниот и општествениот земјоделски сектор.
Контакт
Проф. д-р Татјана Миткова (tmitkova@fznh.ukim.edu.mk)
Проф. д-р Миле Маркоски (mmarkoski@fznh.ukim.edu.mk)
Дипл.хем.инж. Марија Тодоровска, лаборант (marija.todorovska@fznh.ukim.edu.mk)