Лабораторија за млеко и млечни производи

Лабораторијата за анализа на млеко и млечни производи при Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, е наставна, научноистражувачка и апликативна лабораториска единица наменета за поддршка на наставата, научноистражувачката работа и обезбедување аналитички услуги за надворешни корисници.

Во лабораторијата се реализира практична настава за студентите од прв, втор и трет циклус на студии, при што студентите стекнуваат практични знаења и лабораториски вештини од областа на квалитетот и составот на млекото и млечните производи.

Акредитирани методи

Лабораторијата е акредитирана согласно ISO/IEC 17025:2017.

Лабораторијата е акредитирана согласно ISO/IEC 17025:2017.

Во рамки на акредитираниот опсег се вршат следните анализи:

  • МКС EN ISO 8968-1:2014 – Млеко – определување на содржина на азот – Дел 1: Кјелдал метод;
  • МКС ISO 19662:2024 – Млеко – определување содржина на масти – ацидо-бутирометриска метода (метода по Гербер).

 

Други лабораториски анализи

Покрај акредитираните методи, во лабораторијата се вршат и други физичко-хемиски анализи на млеко и млечни производи, меѓу кои:

  • определување на сува материја;
  • определување на пепел;
  • определување на pH;
  • определување на титрациона киселост;
  • определување на NaCl во сирења;
  • определување на специфична тежина;
  • определување на лактоза;
  • брза анализа на млеко за определување на протеини, масти, сува безмасна материја, специфична тежина, додадена вода и лактоза.

Наставна, научна и апликативна дејност

Лабораторијата се користи за реализација на практична настава, дипломски, магистерски и докторски истражувања, како и за активности во рамки на научноистражувачки и проектни активности.

Аналитички услуги се обезбедуваат и за производители на млеко и млечни производи, фарми, компании од прехранбената индустрија, истражувачки институции и други заинтересирани корисници.

Контакт

Проф. д-р Соња Србиновска, раковдител (ssbinovska@fznh.ukim.edu.mk)

Проф. д-р Душица Санта (dsanta@fznh.ukim.edu.mk)

Виш лаборант Сашка Салтамарска, (saltamarska@fznh.ukim.edu.mk)