ИНСТИТУТ ЗА АНИМАЛНА БИОТЕХНОЛОГИЈА

Истражувачкиот кадар на Институтот е вклучен во образованието на студентите на сите нивоа на образование, трансфер на знаење и интензивна соработка со земјоделските производители, преработувачката индустрија и сродните институции.
Научните активности на Институтот се ориентирани кон: технологија на одгледување на домашни животни (говеда, коњи, овци, кози, свињи и живина), медоносни пчели и домашни миленици, истражувачки активности во биолошката разновидност на животинските генетски ресурси, исхрана на домашните животни и миленици, риби и дивеч, технологија на производство и преработка на производи од животинско потекло, применета биохемија и молекуларна биологија и генетското инженерство во сточарството, здравје и благосостојба на животните.
Покрај овие активности, членовите на Институтот се активно вклучени во: адаптација на различен избор на селекциски модели на популации и квантитативна генетика на домашните животни, воведување на современи системи за одгледување на домашните животни, нови технолошки решенија за исхрана на животните, методите за анализа и оценување на нутритивната вредност на храната за животни и оптимизација на оброците и крмните смески, воведување на нови млечни и месни преработки, проширување на асортиманот на домашните производи, заштита на суровините од распаѓање, заштита на автохтони раси и традиционални производи од анимално потекло, намалување на отпад при производство и заштита на суровините од расипување, осигурување безбедно производство и подобрување на квалитетот и стандардите, дизајнирање на процесот на производство на млеко, примена на различни видови адитиви во месните производи, примена на биохемиски параметри во одредување на физиолошката состојба на животните, примена на молекуларни ма ркери во изборот и репродукцијата на домашните животни, примена на молекуларни техники во контролата на производите од анимално потекло, дизајнирање на сточарско производство, влијание на анималното производство и преработка врз животната средина, постојани обуки од областа на хигиената (и санитарната опрема), лабораториските техники во сточарското производство.
На Институтот за анимално производство функционираат акредитираната лабораторија за анализа на храна за животни, како и лабораторијата за млеко и млечни производи и лабораторијата за ГМО. Истите учeствуваат и во едукација на студентите кaкo и за пoтрeбите на нaучнo истрaживaчката работа.

НАСТАВЕН КАДАР

Соња СРБИНОВСКА

Редовен професор

Област: Квалитет, безбедност и технологија на млеко и млечни производи

Катедра за технологија на анимални производи

Контакти

Соња СРБИНОВСКА

Зоран ПОПОВСКИ

Редовен професор

Област: Биохемија, Молекуларна биологија, Генетско инженерство

Катедра за биохемија и генетски инженеринг

Контакти

Зоран ПОПОВСКИ

Ѓоко БУНЕВСКИ

Редовен професор

Област: Говедарство и коњарство

Катедра за сточарство

Контакти

Ѓоко БУНЕВСКИ

Сретен АНДОНОВ

Редовен професор

Област: Одгледување на домашни животни и селекција

Катедра за сточарство

Контакти

Сретен АНДОНОВ

Златко ПЕЈКОВСКИ

Редовен професор

Област: Технологија на месо и преработки од месо

Катедра за технологија на анимални производи

Контакти

Златко ПЕЈКОВСКИ

Среќко ЃОРЃИЕВСКИ

Редовен професор

Област: Исхрана и диетика на животните и технологија на добиточна храна

Катедра за исхрана на животните и технологии на исхрана

Контакти

Среќко ЃОРЃИЕВСКИ

Методија ТРАЈЧЕВ

Редовен професор

Област: Здравје и благосостојба на животните

Катедра за здравје и благосостојба на животните

Контакти

Методија ТРАЈЧЕВ

Драгослав КОЦЕВСКИ

Редовен професор

Област: Живинарство

Катедра за сточарство

Контакти

Драгослав КОЦЕВСКИ

Кочо ПОРЧУ

Редовен професор

Област: Овчарство и козарство

Катедра за сточарство

Контакти

Кочо ПОРЧУ

Владо ВУКОВИЌ

Редовен професор

Област: Свињарство

Катедра за сточарство

Контакти

Владо ВУКОВИЌ

Хрисула КИПРИЈАНОВСКА

Редовен професор

Област: Пчеларство

Катедра за сточарство

Контакти

Хрисула КИПРИЈАНОВСКА

Катерина БЕЛИЧОВСКА

Редовен професор

Област: Зоологија, Рибарство

Катедра за сточарство

Контакти

Катерина БЕЛИЧОВСКА

Александар УЗУНОВ

Вонреден професор

Област: Пчеларство

Катедра за сточарство

Контакти

Александар УЗУНОВ

Душица САНТА

Вонреден професор

Област: Квалитет, безбедност и технологија на млеко и млечни производи

Катедра за технологија на анимални производи

Контакти

Душица САНТА

Александра СИЛОВСКА- НИКОЛОВА

Асистент

Област: Технологија на месо и преработки од месо

Катедра за технологија на анимални производи

Контакти

Александра СИЛОВСКА- НИКОЛОВА

Сашка САЛТАМАРСКА

Виш лаборант

Област: Млеко и млечни производи

Контакти

Сашка САЛТАМАРСКА

Маја НАЦЕВСКА

Виш лаборант

Област: Исхрана и технологоија на добиточна храна

Контакти

Маја НАЦЕВСКА

Марија ЗДРАВКОВСКА

Виш лаборант

Област: сточарство

Контакти

Марија ЗДРАВКОВСКА

Катедри

СТУДИСКИ ПРОГРАМИ
Диплома (8 семестри)

Анимална биотехнологија – Студиската програма Анимална биотехнологија развива практични и академски вештини во научните области како што се: одгледување и производство на говеда, свињи, овци, кози, живина и пчеларство, генетика и селекција на животните, хигиена и технологија на производи и суровини од анимално потекло, исхрана и добиточна диететика, анатомија на животни, физиологија, биохемија, молекуларна биологија, зоохигиена и анимална биотехнологија. Преработка на земјоделски производи – анимално производство. Дипломираните студенти на оваа студиска програма се здобиваат со стручност и компетентност за работа во полето на анималната биотехнологија, производството на храна, физичко хемиските својства на суровините и материјалите од анимално потекло за преработка, технологијата за производство на храна од животинско потекло, како и безбедноста и квалитетот на храната.
 

Магистерски студии (2 и 4 семестри)

Анимална биотехнологија, Модули: Генетика и селекција во анимално производство, Исхрана на животните, Менаџмент на здравје и благосостојбата на животните, Говедарство, Овчарство, Козарство, Свињарство, Живинарство, Рибарство, Пчеларство.
Преработка на земјоделски производи од анимално потекло, Модули: Млеко и млечни производи, Месо и производи од месо, Нутриционизам.
 
Докторски студии (6 семестри): Анимална биотехнологија

FORM

Are you ready to take the next step toward your future career?